fbpx

Бајрами: Инцидентот во Студеничани не е пријавен

-

Претседателот на Комисијата за следење на изборни нерегуларности во Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами по затворањето на гласачките места изјави дека до тој момент до обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани каде едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што објави МОСТ дека лицето кое го поседувало клучот од избирачкото место одбивало да ја отклучи просторијата за гласање.

Обвинителот рече дека генерално изборите течат во најдобар ред со мали исклучоци.

Обвинителството забележала повреда на тајноста на гласањето во Тетово, каде гласач го фотографирал ливчето со мобилен телефон, а во општината Чешиново-Облешево приведени се неколку лица кои дистрибуирале пропаганден материјал на еден од кандидатите, а граѓанин во општината Ѓорче Петров забележал комбе со разглас преку кој се повикувало на бојкот на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.