fbpx

Сиљановска – Давкова побара предвремени парламентарни избори

-

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова рече дека вечерашниот резултат со над 300.000 илјади освоени гласови покажува дека граѓаните се длабоко разочарани од власта.

– Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата и на оние кои гласале за Река, разликата е повеќе од 70.000 гласови. Опозицијата успеа да им предочи, да ги убеди граѓаните за отсуство на право и правда. Може да раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО, но само со владеење на право може почеток на преговори. На оваа земја и треба нов профил политичари, демократска култура, ново лидерство – рече Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека не потонува во триумфализам, туку допрва следи битката. Претседателските избори ги поврза со предвремените, бидејќи „власта за 2,5 години си го потрошила легитимитетот и е во слободен пад“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека победиле, но не целосно ја поразиле власта и затоа е важен вториот изборен круг.

– Доаѓа правдата за која се обединивме, власта донесе неправда, корупција и криминал. Има нова реалност. Власте е делигитимирана, почна падот на Зоран Заев. Народот е апатичен, незадоволен и револтиран – рече Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...