fbpx

Депозитите растат, кредитирањето е на пониско ниво од очекуваното

-

Податоците на Народна банка покажуваат раст и кај депозитите и кај кредитите, во март месец. Во извештајот се додава дека поради подобрите остварувања на крајот на 2018 година, растот на депозитите, на годишна основа и натаму го надминува растот проектиран за крајот на првиот квартал од оваа година.

„Во однос на кредитната активност, послабите остварувања на крајот на минатата година придонесуваат за одржување на кредитирањето на пониско ниво од очекуваното, а со тоа и за негов малку понизок годишен раст во однос на проектираниот. Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на домашните банки се задржа на релативно стабилно и високо ниво, што придонесе за отсуство на потреба кај банките за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на необезбедени депозити. Вишокот слободни парични средства банките и натаму го насочуваа кон расположливите депозити кај Народната банка, кои што овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречена кредитна поддршка на домашните субјекти“, се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...