fbpx

ААВМУ реагира: Владата не ги почитува препораките на Брисел

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска се огласи со остра реакција за Владата по вчерашната одлука, наведувајќи дека владиниот кабинет ги надминал своите надлежности и се меша во независноста на ова регулаторно тело, што е нешто на што посебно посочува Брисел.

Имено, Владата вчера даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година, изработена од ААВМУ, и побара нејзино ревидирање „поради тоа што не е усогласена со другите стратешки документи за развој на оваа област“.

„Со одлуката да даде мислење и да бара ревидирање, Владата, ги надмина своите надлежности и постапи спротивно на насоките од извештаите на Европската комисија за напредокот на РСМ и на препораките на Советот на Европа, за гарантирање на независноста на регулаторните тела во областа на медиумите. Имено, во клучната Препорака на Советот на Европа за независноста и функционирањето на регулаторните тела, јасно и недвосмислено се истакнува дека јавните власти не смеат да влијаат на независноста на медиумските регулатори. Основната цел на овие препораки е да се спречат токму ваквите упади на извршната власт во работењето на регулаторите. Регулаторната стратегија беше доставена до Владата, до Собранието и до МИОА не за усвојување туку за да ги информира за тековните состојби во медиумската сфера, како и за активностите коишто Агенцијата ќе ги преземе во следните пет години, во насока на подобрување на одредени аспекти во сферата на медиумите“, се вели во соопштението од ААВМУ.

Од регулаторното тело посочуваа дека оваа стратегија не е неусогласена со, како што наведува Владата „другите стратешки документи за развој на оваа област“, бидејќи, вели ААВМУ, такви документи не постојат.

Агенцијата посочува дека во изработката на стратегијата ги вклучила пошироката експертска јавност, новинарските здруженија, граѓанските организации од сферата на медиумите, преку учество во бројните одржани состаноци и јавни расправи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...