fbpx

Трамп ѝ се заканува на ЕУ со нови царини од 11 милијарди долари

-

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со нови царини од околу вкупно 11 милијарди долари на различни стоки кои се увезуваат од ЕУ. Тоа, како што велат од Вашингтон, е одговор на штетите нанесени на американскиот авиопроизводител „Боинг“ од субвенциите што Брисел ги дал на неговиот европски конкурент „Ербас“.

Бирото за трговија на САД подготвува листа на можни стоки кои би се царинеле – од млазни патнички авиони и патнички хеликоптери на различни видови кашкавали и сирења, вино, скијачки комбинезони и мотоцикли.

Како основа за воведувањето нови царини, Бирото го наведува заклучокот од Светската трговска организација дека помошта од ЕУ за „Ербас“ „повеќепати предизвикала негативни ефекти во САД“.

Светската трговска организација (СТО) во мај минатата година посочи дека „Ербас“ добивал нелегална субвенција за своите модели А380 и А350, поради што страдале продажбите на „Боинг“.

Сепак, за воведувањето на новите царини исто така ќе се чека одобрување од СТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и...