fbpx

Рекорден број доктори по општествени науки во 2018 година

-

Рекордни 243 лица се стекнале со звањето доктор на науки минатата година што претставува зголемување за 16,3 отсто во споредба со 2017 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 34,9 отсто, потоа на медицинските науки, 28,8 отсто, следат хуманистичките науки со 18,5 отсто, а останатите лица докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Бројот на жените што одбраниле докторска дисертација во текот на 2018 година изнесува 141 кандидатка, што претставува 58 отсто од вкупниот број лица што докторирале во 2018 година. Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 28,8 отсто, својата професија ја вршат во образовната дејност.

Податоците на Државниот завод за статистика откриваат дека во периодот 2013-2018 година во нашата земја доктори на науки станале вкупно 1.320 лица, од кои дури 529 станале доктори по општествени науки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...