fbpx

ОЈО Струга поведе постапка против три лица за сечење на трската на езерото

-

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга започна постапка против двајца осомничени, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

На 16 март двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.

„Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.

Во изминатиот период Основното јавно обвинителство Струга интензивно ја следи ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, за што се издадени наредби за засилен надзор. Истовремено, до полициските службеници се издадени насоки за натамошно постапување во насока на откривање на сторителите и на прибавување на докази“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...