fbpx

Заев до Могерини: Работиме напорно за да заслужиме старт на преговорите со ЕУ во јуни

-

Премиерот Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, информираат од Владата.

„На средбата беше поздравен силниот напредок  на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда. Владата од потпретседателката на Европската Комисија, Могерини доби охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година. Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата. На средбата, исто така беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси. На средбата на владината делегација, предводена од премиерот Заев со високата претставничка на Европската Унија, беше заклучено дека Република Северна Македонија има големи причини да се надева на позитивни сигнали од сите Европски институции во наредниот период“, се вели во соопштението од Влада.

На средбата присуствувале и заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...