fbpx

УЈП ќе ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави од 1 април

-

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе почне да им ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година од почетокот на наредниот месец, информираат од таму.

„ До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава. Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава“, соопштуваат од УЈП.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...