fbpx

Заев со Ахмети денеска ќе разговара за консензуален претседателски кандидат

-

Зоран Заев како претседател на СДСМ и во име на коалицијата денеска ќе разговара со претседателот на ДУИ, Али Ахмети за можен заеднички, односно консензуален кандидат за претседателските избори.
Средбата ќе се одржи денеска во 12.30 часот во Клубот на органите на државната управа (порано познат како Клуб на пратениците) .

Претходно ДУИ реши на претседателските избори да излезат со свој кандидат, но сепак кажа и дека е отворена за  предлозите што би дошле од СДСМ.

Синоќа СДСМ со партиите од нејзината коалиција одржаа прв состанок на тема консензуален претседателски кандидат. На средбата не беше претседателот на ЛДП, Милевски кој најави дека на изборите ќе одат со свој кандидат.

Според соопштението од средбата, била постигнатаначелна согласност на лидерско ниво партиите од коалицијата предводена од СДСМ да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата, како и заеднички да настапат на претстојните претседателски избори.

Коалициските консултации за кандидатот продолжуват.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...