fbpx

Кривична пријава за маж што се заканувал на пратениците преку Фејсбук

-

СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ќе поднесат кривична пријава против 38-годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради закани преку Фејсбук. Кривичната пријава ќе биде за загрозување на сигурноста и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку копјутерски систем.

Полицијата вчера извршила претрес во домот на осомничениот, при што се одземени предмети, а тој бил повикан на службен разговор во полициска станица.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ги повикува граѓаните што се изложени на вакви закани или ќе ги забележат некаде, случаите да ги пријавуваат во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...