На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 -те не убедуваа дека само да ја прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава дека „животите на генерации Mакедонци од 91 – та до денес поминаа во тага, безнадежност и безперспективност.“
„И додека штетните политики ги правдаат со декларативните заложби за ЕУ и НАТО интеграцијата на земјата, во реалноста прават невиден криминал, се делат милионски тендери на партиски луѓе, ќерка директор дава тендер на татко бизнисмен и што ли уште не. Народот пати и не гледа како со ваков криминал државата може воопшто да функционира, а не пак да влезе во ЕУ“, се додава во соопштението.