fbpx

Коцијанчич: Македонските граѓани да гласаат на референдумот без мешања од надвор

-

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел порача дека очекува граѓаните во Македонија да гласаат на референдумот без надворешни мешања.

– ЕУ го поддржи постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен. Референдумот е моментот кога народот може да го искористат своето демократско право, ова е важен момент за нив, да одлучат да иднината на нивната земја и треба да им биде овозможено тоа да го направат без надворешно мешање – изјави Коцијанчич.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ЕК и помага на Македонија да се бори против можни лажни вести од надворешни фактори и мешања во кампањата, Коцијанчич порача дека европските служби ги споделуваат своите најдобри пракси во оваа област со нејзините партнери, но дека организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата како суверена земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...