fbpx

Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на целиот регион

-

САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името, истакна амбасадорот Џејс Бејли.

Одговарајќи на новинарско прашање на пауза од првиот Македонски енергетски форум 2018 што денеска и утре се одржува во Струга во организација на АД ЕЛЕМ, американскиот амбасадор рече дека решавањето на овој долгорочен проблем ќе донесе добро за двете земји, но ќе придонесе и за просперитетот и стабилноста на целиот регион.

– Продолжуваат преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време – рече Бејли.

Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, пак, претходно изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...