Општина Штип соопшти дека утре на територијата на општината ќе се изврши прскање од земја против комарци.
Зафатот ќе се врши од 9 до 14 часот, а средството против ларви од комарци ќе се распркува секаде каде што има застојани води на територијата на градот и на други локации на територијата на општината.
Во случај на ветер или дожд, дезинсекцијата ќе се изврши во првиот следен ден во кој ќе има поволни услови за тоа.