Од Руската амбасада во Скопје на нивниот „Твитер“ профил реагираат на изјавата на премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Телевизија 24“, каде вели дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата на Русија“.
Од амбасадата велат дека Заев е погрешно информиран и дека протерувањето на нивниот дипломат било изненадување.
„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никакви предупредувања ниту „докази“ за кои зборува премиерот. И понатаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“ напишаа од Руската амбасада во Скопје.
Намерно или не, @Zoran_Zaev е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никави предупредувања ниту "докази" за кои зборува Премиерот. И понатаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи pic.twitter.com/uoN6ofhPPv
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) April 16, 2018
Македонското министерство за надворешни работи го протера рускиот дипломат на 26 март, а министерот Никола Димитров рече дека протерувањето се направило во координација со западните сојузници и како чин на солидарност со Велика Британија.