Таг: руски дипломат
таг: руски дипломат
Руското МНР се закани со мерки по протерувањето на руски дипломат од Северна Македонија
Министерството за надворешни работи (МНР) на Руската Федерација денеска најави соодветни мерки по протерувањето од страна на Северна Македонија на еден руски дипломат, за кое што рече дека е „немотивирано“.
Во соопштението на сајтот на руското МНР се вели дека станува збор за непријателски чин, којшто е невозможно да не се одрази на како што велат „руско-северномакедонските“ односи.
„На 14 мај...
Руска амбасада: Намерно или не, Заев е погрешно информиран
Од Руската амбасада во Скопје на нивниот „Твитер“ профил реагираат на изјавата на премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Телевизија 24“, каде вели дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата на Русија“.
Од амбасадата велат...
Протераниот руски дипломат испратен од Македонија со патриотскиот марш „Прошчаније Славјанки“
Рускиот дипломат на кој македонските власти му наложија да ја напушти земјава поради одлуката на Владата да се солидаризира со Велика Британија во врска со случајот „Скрипаљ“, но и под обвинување за активности надвор од неговиот мандат, утрово ја напушти земјава преку скопскиот аеродром, јави „ТАСС“.
Од амбасадата на Руската Федерација протераниот дипломат и семејството биле испратени со звуците на...
Николоски: Наш партнер не е Москва, одлуката на владата за протерувањето е во ред
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто за емисијата „200“ на телевизија „Алсат“ рече дека потегот на Владата да протера еден руски дипломат е во ред и дека „наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон“.
- И министерот за надворешни работи и Владата прават грешка што ја исклучуваат опозицијата од овој процес на споделување информации...
Иванов не бил информиран, смета дека протерувањето на рускиот дипломат е избрзана одлука
Претседателот на државата Ѓорге Иванов смета дека одлуката на македонското МНР да протера еден руски дипломат е избрзана, информираат од претседателскиот кабинет.
„Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ. Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати...
Димитров: Протераниот дипломат излегол од својот мандат
Одлуката за протерување на рускиот дипломат од Македонија ја донесовме по внимателно размислување и анализа. Одлуката се заснова на два елемента, едниот е меѓународен, односно настанот што се случи – труење со хемиско оружје во Велика Британија и солидарноста што ја побараа нашите сојузници, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на прес-конференцијата со својата австриска колешка Карин...