fbpx

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците

-

САД ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пренел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.

По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го рестартираат мировниот процес на Блискиот Исток.

За време на турнејата на Пенс во регионот, тој ќе ги посети и Јордан и Израел. Турнејата доаѓа по повеќе од еден месец откако претседателот Доналд Трамп ја објави својата одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Овој потег ги разлути Палестинците, кои го гледаат Ерусалим како главен град на својата идна држава.

Израел го припои Источен Ерусалим и го прогласи целиот град за главен град, потег што меѓународната заедница никогаш не го призна.

За време на посетата на регионот не е планирано Пенс да се сретне со палестинските лидери.

Во соопштението на египетските власти се наведува дека само преговори кои се засноваат на решение за две држави ќе може да го реши долготрајниот конфликт. А Египет нема да штеди напори да го поддржи тоа, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...