петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Ерусалим | 30 резултати

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим

5 февруари 2018

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот […]

Трамп ги доведе во прашање мировните преговори меѓу Израел и Палестина

25 јануари 2018

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја доведе во прашање можноста за продолжување на мировните преговори меѓу Израел и Палестина, префрлајќи ја одговорноста за тоа на палестинската страна, пренесува „Би-би-си“. Како што изјавил Трамп во Давос, Палестинците „покажале непочитување“ кон САД, по неговата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел. – Кон САД […]

Нетанјаху: Прашањето со Ерусалим е веќе решено

24 јануари 2018

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим на Светскиот економски форум во Давос. Нетанјаху вели дека тоа прашање „веќе е решено“. Белата куќа соопшти дека Трамп ќе настојува да ја повтори американската силна посветеност на Израел и напорите да се намали влијанието на Иран врз […]

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците

21 јануари 2018

САД ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пренел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го […]

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците

3 јануари 2018

Соединетите Американски Држави би можеле да ја прекинат помошта за Палестинците, кои, „повеќе не сакаат да разговараат за мир“ порача американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува „Би-би-си“. Трамп на „Твитер“ напиша дека, „САД не добиле ниту признание, ниту почит за помошта од стотици милиони долари што годишно им ја даваат на Палестинците.“ …peace treaty with Israel. […]

Палестинците го отповикаа својот дипломатски претставник во САД

31 декември 2017

Палестинците денеска соопштија дека го отпoвикале својот дипломатски претставник во Соединетите Американски Држави за „консултации“, неколку недели откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, јавува „Би-би-си“. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека нема да прифати никаков мировен план од САД по одлуката на Трамп, која предизвика протести и судири […]

Уапсени тројца турски туристи во Ерусалим

23 декември 2017

Израелската полиција соопшти дека уапсила тројца туристи од Турција после молитвата вчера попладне во Стариот град во Ерусалим. Полицијата соопшти дека тројцата Турци се уапсени поради вмешаност во инцидент со полицијата на Харам ал-Шариф. Турската новинска агенција „Анадолија“ јави дека двајца од тројцата уапсени имаат двојно турско и белгиско државјанство и дека се уапсени поради […]

Генералното собрание на ОН гласаше против одлуката на САД за Ерусалим

21 декември 2017

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја усвои резолуцијата со која се бара од САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Резолуцијата ја поддржаа 128 членки на ОН, меѓу кои и Македонија, девет гласаа „против“, 35 беа „воздржани, а 21 членка воопшто не гласаа. Портпаролот на палестинскиот претседател […]

Анкара: САД ја изгубија својата објективност

19 декември 2017

Официјална Анкара денеска изрази жалење поради ветото на САД на вчерашната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на резолуцијата со која се бара повлекување на одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. „Тоа што Соединетите Американски Држави останаа сами во ова гласање е конкретен показател за незаконитоста […]

Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН

15 декември 2017

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во ОН да се поништи одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина. Ердоган рече дека Турција најпрво ќе побара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тој обид не успее прашањето ќе го покрене пред Генералното […]

Хамас повика на нови протести против одлуката на Трамп за Ерусалим

14 декември 2017

Лидерот на радикалното палестинско движење – Хамас, Исмаил Ханија денеска повика на нови протести ширум светот против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, јавуваат светските агенции. Ханија рекол дека Хамас бара секој петок да биде ден на револт и револуција во сите престолнини и другите […]

Светот да го признае Ерусалим за престолнина на Палестина, порача Ердоган

13 декември 2017

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска на вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул ги повика сите земји во светот да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина. – Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава – изјави Ердоган на почетокот на самитот посветен на прашањето за Ерусалим. […]

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради одлуката на Трамп за Ерусалим

7 декември 2017

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи вонредна седница поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Како што пренесува „Си-би-ес њуз“, итна седница побарале осум од 15 членки на Советот за безбедност, односно Боливија, Египет, Франција, Италија, Сенегал, Шведска, Велика Британија и Уругвај. Арапскиот […]

Арапите бесни на Трамп, а Палестинците палат негови слики и американски знамиња

7 декември 2017

Телевизиската мрежа „Си-ен-ен“ на својот профил на „Твитер“ објави дека илјадници Палестинци во Појасот Газа од синоќа палат американски знамиња и слики од претседателот Доналд Трамп. Арапскиот свет негодува. Сите светски агенции ја пренесоа веста дека одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел предизвика осуда и жестоки реакции во муслиманските […]

И Чешка го призна Ерусалим за главен град на Израел

7 декември 2017

Чешка синоќа соопшти дека го прознава западен Ерусалим за главен град на Израел, но оти нема да ја премести својата амбасада од Тел Авив. Соопштението следеше откако претседателот на САД, Доналнд Трамп, соопшти дека неговата администрација го признава Ерусалим за израелски главен град и дека Стејт департментот добил инструкции да ја пресели американската амбасада од […]

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

6 декември 2017

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел. „Одлучен сум дека дојде време официјално да се признае Ерусалим како претстолнина на Израел. Тоа е најдобро и е во интерес на САД во процесот на решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави Трамп. Тој рече […]

Отстранети сите дополнителни безбедносни мерки во Ерусалим

27 јули 2017

Израелската полиција соопшти дека се отстранети сите неодамна воведени безбедносни мерки на влезот на светото место во Стариот град во Ерусалим. – Полицијата ги врати безбедносните мерки на нивото на кое беа пред нападите на Харам ел-шариф, извршен на 14 јули – соопшти портпаролката на израелската полиција, Луба Самри. Израелската влада пред три дена одлучи […]

Едно лице убиено и три повредени при напад со нож во Ерусалим

14 април 2017

Британска туристка денеска е убиена во напад со нож извршен во ерусалимскиот стар град. Жената повеќепати била избодена додека се возела со трамвај. Таа била веднаш хоспитализирана, но подоцна им подлегнала на раните. Израелските медиуми јавуваат дека уште една трудна жена е повредена, како и еден маж. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила осомничениот […]

Тројца загинати и десетина повредени во напад со камион во Ерусалим

8 јануари 2017

Камион удри во пешаци во Ерусалим, при што загинаа три лица, а беа повредени десетина, објавија израелските медиуми. Возачот на камионот веднаш е застрелан и убиен. Полицијата засега смета дека станува збор за планиран напад. – Ова е терористички напад, напад со прегазување – изјави портпаролката на полицијата за радио „Израел“. Полицијата на „Твитер“ напиша […]

Спречен бомбашки напад во Ерусалим

17 јули 2016

Еден 20-годишен Палестинец е уапсен на железничка станица во централниот дел на Ерусалим. Како што јавуваат израелските медиуми, кај него била најдена торба со експлозив. Полицијата соопшти дека Палестинецот бил испрашуван од чуварите кои рекле дека им предизвикал сомневања кога се обидел да влезе во возот. Додека го испрашувале, тој им признал дека носи експлозив. Специјални […]

Страна 1 од 2