fbpx

ЕПП му го честиташе на Мицкоски изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

-

Европската народна партија (ЕПП) на својот официјален „Твитер“ профил му го честиташе изборот на Христијан Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат“, велат од ЕПП.

Мицкоски вчера на партискиот конгрес во Валандово беше избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа на местото на Никола Груевски кој беше на чело на партијата од 2003 година. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласаа за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња беа неважечки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...