fbpx

Во Кривичен суд, денеска ново рочиште за „Труст“

-

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на „Електрани на Македонија“.

Според обвинението, осомничените местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Специјалното јавно обвинителство на претходното рочиште, пред една седмица, презентираше вкупно 1.560 докази, наведени на 81 страница, против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот.

Меѓу доказите, кои беа изведени на расправата, се и три прислушувани разговори, од кои еден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, и два необјавени разговори меѓу поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и Чингоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...