fbpx

Демократскиот сојуз бара забрзување на реформите во правосудството

-

Реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат како битен предуслов за воспоставување на нов систем на вредности и владеење на правото, порача денеска Демократскиот сојуз.

Од партијата предлагаат редефинирање на улогата на Републичкиот судски совет за да се зголеми неговата самостојност, но и да се конкретизира одговорноста на Советот во целина и на членовите доколку вршат влијание и директно се мешаат во одлуките на судиите.

„Да се укинат Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните,Законот за Советот за утврдување на факти за одговорност на судиите, Законот за лустрација и да се  направат измени на Законот за заштитени сведоци (да се предвиди можност за отворање на досиеја на заштитените – лажни сведоци)“, велат од партијата.

ДС исто така бара да се донесе закон за преиспитување, односно повторување на суските одлуки кои се засновани на користење на заштитен сведок, прислушувани разговори или во постапката било прекршено начелото на презумција на невиност со јавно апсење и сл. На тој начин, како што наведуваат од ДС, ќе им се даде можност на фер судење на голем број граѓани кои биле предмет на кривичен прогон во фабрикувани случаи.

„Поради блокадите за формирање на владата, како и поради локалните избори, реформите бавно се реализираат,затоа е неопходно тие да се забрзаат и во грдењето на законските решенија да се вклучат најкреативните и стручни кадри“, сметаат од ДС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...