fbpx

Со 40.000 гласови повеќе од Трајановски, Шилегов е новиот градоначалник на Скопје

-

Петре Шилегов од СДСМ официјално е новиот градоначалник на Град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места кои Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.125 гласови, односно 50,32 проценти, и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник, Коце Трајановски, освоил 101.468 гласови, односно 36,18 проценти.

Шилегов денеска на прес-конференција соопшти дека нема да има втор круг на гласање во Град Скопје и пред ДИК официјално да ги објави резултатите.

Тој рече дека новата градска администрација што ќе ја предводи ќе биде сервис на граѓаните и дека ќе работи и ќе се води исклучиво од нивните интереси.

– Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг. Вака изгледа Скопје, вака изгледа Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски. Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Од првиот ден ќе се зафатиме со решавање на најгорливите проблеми на Скопје, загадувањето, зеленилото и сообраќајот – рече Шилегов.

СДСМ во првиот круг освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...