Велика Британија, која побара двегодишен транзициски период за излегување од Европска Унија, ќе мора да се придржува до сите европски прописи во тој период, изјави главниот преговарач на Европска Унија за Брексит, Мишел Барние.
– Ако идејата е Велика Британија во овој период и понатаму да биде дел од единствениот пазар, тогаш мора да се зачуваат сите европски прописи и финансиски услови без никаков исклучок – изјавил Барние.
Тој додал дека Европска Унија треба да одлучи дали ќе има транзициски период и дали тоа е во нејзин интерес.
Британската премиерка Тереза Меј во говорот во петокот предложи преоден период за излегување од ЕУ кој би траел околу две години. Како што додаде, за време на преодниот период пристапот до пазарот треба да продолжи според сегашните одредби на ЕУ.