сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Тереза Меј | 81 резултати

Заврши самитот во Лондон, Британија ја удвојува финансиската поддршка за Македонија

јули 11, 2018

Премиерот Зоран Заев и владината делегација го завршија учеството на Самитот ЕУ – Западен Балкан (Берлински процес), што се одржа во Лондон, на кој учествуваа лидерите на земјите од регионот, премиерката на земјата-домаќин Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Заев на […]

Борис Џонсон поднесе оставка

јули 9, 2018

Борис Џонсон денеска даде оставка од функцијата министер за надворешни работи на Велика Британија, а премиерката Тереза Меј му ја прифати. Џонсон е вториот министер што денеска ѝ откажа верност на Меј – утрово министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, исто така поднесе оставка. Заминувањето на Џонсон беше соопштено непосредно обраќањето на Меј пред Парламентот за […]

Заев и Ципрас ќе се сретнат во Лондон на 10 јули

јули 4, 2018

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во Лондон, на маргините од Самитот на Западен Балкан што ќе се одржи во вторник (10 јули), дознава „Независен весник“. Двајцата премиери ќе разговараат за развојот на настаните по потпишувањето на Преспанскиот договор и ќе ги координираат своите активности. Премиерката на […]

Меј: Договорот и ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ

јуни 21, 2018

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, со писмо до македонскиот премиер Зоран Заев честитала за постигнувањето договор со Грција, како и за ратификацијата на договорот во Собранието, соопштија од Владата. „Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на […]

Мицкоски се пожалил на Меј дека државата е во влошена економска состојба

мај 18, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средба со британската премиерка Тереза Меј, која беше во кратка посета на Македонија, разговарал за актуелната политичка и општествена ситуација во земјава и можностите за соработка со Обединетото Кралство. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Тој стакна […]

Заев – Меј: Опцијата за името која би можела да биде прифатлива, е комплетно решение

мај 17, 2018

Тереза Меј, првата премиерка од Обединетото Кралство што доаѓа во Македонија по скоро 2 децении, рече дека Македонија е интегрален дел од Европа и вети подршка за македонските евроинтеграции. Меј која со сите почести беше пречекана во Владата, во врска со спорот со името порача дека е значајно тоа што Македонија пружала рака кон својот сосед, но […]

Посебен режим на сообраќај во центар попладнево

мај 17, 2018

Поради посетата на британската премиерка Тереза Меј, попладнево во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. За време на официјалната церемонија што ќе се одржи пред зградата на Владата околу 15.10 часот, сообраќајот на булеварот Илинден ќе биде целосно затворен и пренасочен по околните сообраќајници. Потоа за сообраќај околу 17 часот ќе биде […]

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Скопје

мај 17, 2018

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, попладнево е во официјална посета на Македонија, заедно со владина делегација. Таа првин ќе биде пречекана во Владата, по што ќе се одржи прес-конференција на гостинката и премиерот Зоран Заев, а потоа во 17 часот претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе приреди свечен прием во Кристалната сала на Собранието.

Заев – Меј: Велика Британија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации

февруари 27, 2018

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера присуствуваа на прием, кој премиерката на Велика Британија го приреди во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан. Од владината прес-служба информираат дека Меј и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, на одвоената средба со Заев и Османи, изразиле […]

Меј договори економска соработка со Кина вредна 13 милијарди долари

февруари 2, 2018

Британската премиерка, Тереза Меј договори економска соработка со Кина вредна 13 милијарди долари, јавуваат светските агенции. Британија се обидува повторно да се наметне како глобален трговски играч, по одлуката да го напушти членството во Европската Унија, а Кина е на врвот на листата на држави со кои Лондон сака да има договор за слободна трговија, […]

Mej: Граѓаните на ЕУ нема да ги имаат истите права во Велика Британија по Брексит

февруари 1, 2018

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека, граѓаните на Европска унија кои ќе дојдат во Велика Британија за време на транзицискиот период по Брексит, нема да ги имаат истите права за да останат во таа земја, како претходно, додека земјата беше членка на ЕУ. Меј, која се наоѓа во посета на Кина, изјави дека ќе бори […]

Меј го покани Заев на самитот за Западен Балкан во Лондон

декември 22, 2017

Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет на денешната средба на премиерот Зоран Заев му ја предал поканата од британската премиерка, Тереза Меј за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, а во рамките на Берлинскиот процес, соопшти владината прес-служба. Меј во поканата наведува дека целта на […]

Јункер и Меј не постигнаа договор за Брексит, преговорите продолжуваат

декември 4, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска соопшти дека сè уште не е постигната целосна согласност со Британија за понатамошните чекори во процесот на нејзиното напуштање на Европската Унија. Тој по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека и покрај напорите, не било можно да се постигне целосен договор, но дека тоа не го […]

Пресуден ден за преговорите за Брексит – Меј доаѓа во Брисел

декември 4, 2017

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе пристигне во Брисел на пресудни разговори за состојбата на преговарачкиот процес за излегувањето на Британија од Европската Унија, а исходот од состанокот би можел да ги одреди условите под кои ќе се случи тоа. Меј ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, […]

Оставката на Мугабе е шанса за слобода, оцени Меј

ноември 21, 2017

Британската премиерка Тереза Меј денеска оцени дека оставката на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, е шанса земјата да тргне по нов пат без репресии. – Оставката на Мугабе дава шанса Зимбабве да тргне по нов пат, без притисоци и репресии кои го карактеризираа неговото владеење – рече Меј. Меј вели дека изминатите денови се гледала желбата […]

Меј ја обвини Москва за мешање во британските избори

ноември 14, 2017

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј ја обвини Москва дека се мешала во британските парламентарни избори, што се одржаа на почетокот на јуни, оваа година и дека вршела кибер-шпионажа, пренесува „Би-би-си“. Во обраќање пред бизнисмените на собир во Лондон, Меј рекла дека владата на рускиот претседател, Владимир Путин се обидува да ги „поткопа слободните општества“. […]

Четириесет пратеници од редовите на Ториевците се против Меј

ноември 12, 2017

Четириесет пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј одлучија да потпишат писмо во кое се наведува дека не ја поддржуваат британската премиерка. По вонредните избори од 8 јуни, Меј се бори да го сочува авторитетот во партијата. Како што јавува весникот „Сандеј тајмс“, потребно е уште осум конзервативци да им се приклучат на 40 пратеници […]

Британија е подготвена и да не постигне договор со ЕУ

октомври 4, 2017

Британската премиерка Тереза Меј вели дека владата се подготвува за секое сценарио во преговорите со Брисел, вклучувајќи ја и можноста да завршат без договор со Европската Унија. Меј во говорот на собирот на конзервативците во Манчестер рече дека длабоко во интересите на Британија е преговорите да успеат и да резултираат со нови односи меѓу Обединетото Кралство […]

На аеродромот „Хитроу“ ќе се гради трета писта

октомври 3, 2017

Британскиот министер за сообраќај, Крис Грејлинг, најави дека во првата половина од следната година, Велика Британија официјално ќе одобри изградба на третата писта на аеродромот „Хитроу“. Според него, заминувањето на авиокомпанијата „Монарк ерлајнс“ во стечај не е сигнал за поголеми проблеми во британскиот авиосектор. Заминувањето во стечај на авиокомпанијата предизвика откажување на голем број резервации. Британската премиерка […]

Барние: Лондон да ги почитува прописите на ЕУ во транизицискиот период

септември 26, 2017

Велика Британија, која побара двегодишен транзициски период за излегување од Европска Унија, ќе мора да се придржува до сите европски прописи во тој период, изјави главниот преговарач на Европска Унија за Брексит, Мишел Барние. – Ако идејата е Велика Британија во овој период и понатаму да биде дел од единствениот пазар, тогаш мора да се зачуваат […]

Страна 1 од 4