Почнуваат преговорите за Брексит, првото истапување од членство во историјата на ЕУ
19 јуни 2017
Обединетото Кралство денеска ги почнува историските преговори за излегување од ЕУ, односно Брексит, една година откако гласачите на референдум се определија за напуштање на европското семејство. Британскиот министер за Брексит, Дејвид Дејвис, главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, и нивните тимови, го почнаа состанокот во Брисел претпладнево, а на крајот на денот ќе одржат прес-конференција. […]