fbpx

Монсунските дождови и поплавите го парализираа Мумбај

-

Обилните монсунски дождови го парализираа финансискиот центар на Индија – Мумбај, каде улиците се претворени во реки, а нивото на водата достигнува висина од најмалку еден метар, јавуваат светските агенции.

Метеоролозите најавиле дека денеска се очекуваат уште врнежи од дожд, а локалните власти побарале сите училишта и факултети да бидат затворени на еден ден.

Мумбај вчера се соочи со обилни врнежи од дожд кои ја оштетија инфраструктурата во градот, предизвикаа прекин во железничкиот и во автобускиот сообраќај.

Летовите од аеродромот во Мубај се пренасочени на аеродромите во другите градови во Индија.

Мумбај секоја година се соочува со последици од монсуните, кои главно траат од јуни до септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...