fbpx

Десетина затруени лица во болница, јаделе во „Сендвичара 7“ во Карпош

-

Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичарница „Сендвичара 7“ во Карпош, информира Министерството за здравство

„До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува: 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, од кои 5 хоспитализирани и 4 амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти“, стои во соопштението.

Иако во објектот се врши завршна подготовка на храна, која се доставува од централната кујна на синџирот сендвичарници, извршена е вонредна контрола и во локалот и и земени се брисеви од вработените и работните средини, како и мостри храна.

Наложена е вонредна дезинфекција, а објектот е времено затворен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...