fbpx

Груевски – Давутоглу: Турција e искрен пријател на Македонија

-

Во рамките на дводневната официјална посета на Македонија, турскиот премиер Ахмет Давутоглу имаше тет-а-тет средба со својот домаќин, премиерот Никола Груевски. По средбата, на прес-конференција Груевски истакна дека Република Турција е долгогодишен пријател на Македонија и безрезервно ја поддржува земјата во евроатланските аспирации.

– Ние го почитуваме фактот што Република Турција дава принципиелна и вредносна поддршка на нашите државни и национални интереси. Со мојот колега, со задоволство констатиравме дека е направен напредок во досегашните напори, не само во политичката, туку и во економската соработка – рече Груевски.

Двајцата премиери се согласни дека економската соработка треба да се унапредува, а интенција е во наредниот период трговската размена да изнесува повеќе од една милијарда долари.

– Нашата трговска размена во првите десет месеци изнесува 375 милиони долари, меѓутоа до крајот на годината очекуваме да изнесува 450 милиони. Одлучни сме во најскоро можно време таа да достигне една милијарда – изјави Давутоглу.

Попладнево турскиот премиер ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов, а ќе одржи и предавање во Министерството за надворешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...