fbpx

Постои нов импулс за решавање на спорот за името, оцени Нимиц

-

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, оцени дека постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за проблемот.

– По неколкугодишен парламентарен ќор-сокак, имаме нова влада во Скопје, која е сака да ја реактивира надворешната политика во регионот, а очигледно спорот за името е голема пречка на патот за интегрирање во ЕУ и за членство во НАТО. Ова прашање е високо на агендата на новата влада и затоа сметам дека тоа е нов импулс – вели Нимиц во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), дадено по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.
На прашањето кои се следните чекори, посредникот вели дека во следните неколку месеци ќе биде во контакт со двете страни и дека ќе се развие план како да се придвижат преговорите напред.

Тој повтори дека не дал никакви предлози и дека сега е време да се разговара за основните концепти, пред да се дадат предлози.

Нимиц минатиот месец за време на посетата во Скопје рече дека не треба да се очекуваат драстични промени во следните неколку месеци бидејќи сега не е време за финални предлози.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...