fbpx

Собранието денеска ќе почне да расправа за разрешувањето на Зврлевски

-

Предлогот на Владата да биде разрешен јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, денеска е првата точка на четвртото продолжение на шестата седница на Собранието на Република Македонија.

По претходните продолженија, кои ги одбележаа долги и не многу содржајни расправи од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од нејзината коалиција, се очекува во 11 часот денеска да почне расправата за владиниот предлог да се разреши Зврлевски.

Ако сè оди според деловникот, прво претставникот на Владата треба да го образложи предлогот, а потоа Зврлевски има право да се произнесе по тој предлог.

Вчера, на третото продолжение на седницата, со 91 глас „за“ и без ниту еден против и воздржан беше усвоена одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител и претседателот на Собранието, Џафери, ја отвори петтата точка од дневниот ред на шестата пленарна седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...