fbpx

Разрешувањето на Зврлевски стигна на дневен ред – утре ќе почне расправата

-

Точката за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски дојде на дневен ред пред пратениците, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата и продолжението го закажа за утре во 11 часот.

Откако со 91 гласа „за“, и без ниту еден против и воздржан беше усвоена одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, Џафери ја отвори петтата точка од дневниот ред на шестата пленарна седница. Собранискиот спикер побара предлагачот на барањето за разрешување на Зврлевски, како и пратениците да се пријават за збор, но исто така порача да не се злоупотребува меморандумот на Собранието.

– Се злоупотребува меморандумот на Собранието. Тој во соодветна процедура може да го користат само надлежни органи. Без да именувам, ќе кажам да не се злоупотребува, за да не дојдеме во ситуација да се именуваме поединечно и да не се доведува администрацијата да направи нешто што не треба да се направи. Затоа сега укажувам вака општо – рече Џафери, пред да го закаже продолжението за утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...