fbpx

Прес-конференција на СЈО во 12 часот, се очекуваат нови обвиненија

-

Специјалното јавно обвинителство за денеска во 12 часот најави нова прес-конференција, не прецизирајќи за што конкретно ќе станува збор.

Сепак, со оглед на тоа дека рокот за поднесување обвиненија на СЈО истекува утре, се очекува на денешната прес-конференција од ова обвинителство да соопштат за кои од отворените истраги ќе поднесат обвиненија.

На последната прес-конференција на СЈО на 22 мај, обвинителките соопштија дека се отворени три нови истраги „Талир“ – за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Траекторија“ – за кинеските провизии за автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и „Тревник“ – за викендички во Зелениково кои биле изградени незаконски.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во изминатиот период неколкупати побара од Собранието да го продолжи рокот за поднесување обвиненија.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, најави дека парламентарното мнозинство оваа недела ќе ги поднесе измените на Законот за заштитени сведоци и на Законот за СЈО, за продолжување на рокот за поднесување обвиненија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...