fbpx

СДСМ: Со Беса не постигнавме договор, оставаме отворени врати за соработка

-

СДСМ во кратко соопштение денеска извести со Движењето Беса не успеале да постигнат договор околу некои прашања, но дека оставаат отворени врати за соработка околу реформите.

„Известуваме, во врска со преговорите со партијата Беса, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор. Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја“, велат од СДСМ.

Движењето Беса денеска има седница на партиското раководство, а прес-конференција за донесените одлуки најавија во 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...