fbpx

Нимиц чека формирање влада за да се реактивираат преговорите за името

-

Медијаторот Метју Нимиц чека да се формира нова влада во Скопје за да започне со нови сериозни разговори за решавање на спорот за името. Нимиц во интервју за грчкиот весник „Реал њуз“ вели дека решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада и потенцира дека решавањето на овој проблем може да помогне да се решат и други проблеми во регионот.

-Мандатот кој го имам за решавање на спорот за името е клучот кој ќе ја отвори вратата за да се решат и други спорни проблеми во регионот. Спорот може да се реши ако и двете земји и нивните лидери добијат поддршка од нивните народи, ако разгледаат нешто што е логично, што ќе го задржува достоинството на двете земји, идентитетот на двете земји, историската смисла на двете земји. Мислам дека постојат решенија- вели Нимиц.

Нимиц остро се противи на идејата за било каков разговор за менување на границите на Балканот. На новинарско прашање околу споменувањата на идејата за Голема Албанија, тој вели дека секој разговор за промена на граници, особено на Балканот е опасен.

– Секој разговор за промена на границите, посебно на Балканот е секогаш опасен, Разговор за се што е поголемо, вклучувајќи и една поголема Албанија е погрешен. Границите треба да останат таму каде што се и мислам дека тоа што го нарекуваме ФИРОМ е една држава членка на Обединетите нации, признатa како држава од сите нејзини соседи – коментира Нимиц.

Тој ги повика Албаниците во Македонија да придонесат за функционирање на државата и да работат за решавање на проблемите на демократски начин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...