fbpx

„Спас за Валандово“ бара да присуствува на седницата на Советот на Општината

-

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најави дека ќе бара нејзини претставници да присуствуваат на вечерашната седница на Советот на Општина Валандово, на која ќе се дискутира и за потписите што активистите ги собраа за да се почне постапка за референдум против рудникот Казандол.

Доколку не им биде овозможено присуство, од „Спас за Валандово“ најавија дека во иднина ќе преземаат радикални мерки.

Активистите нагласуваат дека одлуки за референдуми против отворање рудници веќе донеле советите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, а Советот на Општина Валандово на претходната седница не донел таква одлука. Покрај тоа, од претседателот на Советот на Општина Валандово не стасал одговор ниту за предлог-иницијативата за собирање потписи за референдум на иницијативата, која беше доставена во понеделникот со собрани трипати повеќе потписи од потребното.

Советот на Општина Валандово вечерва во 20.30 часот ќе има седница на која ќе се разговара, меѓу другото, и за „неуредноста“ на иницијативата, како што велат од „Спас за Валандово, и покрај добиениот записник за легитимност на граѓанската иницијатива од страна на Државната изборна комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...