fbpx

Абе сака да го реши спорот со Русија

-

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, вели дека земјата сака да го реши територијалниот спор, кој фрли сенка на односите со Русија по завршувањето на Втората светска војна.

– Мировниот договор помеѓу Јапонија и Русија сè уште не е заклучен, дури и 70 години по завршување на Втората светска војна. Ова е крајно необична ситуација – им рече Абе на новинарите во Лондон, каде што се сретна со британската премиерка Тереза Меј.

Абе смета дека „конструктивниот ангажман“ на Русија е од суштинско значење за решавање на глобалните предизвици.

– Мојата намера е да се продолжи дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, за да се координираме во врска со овие предизвици – додаде Абе.

Русија и Јапонија не потпишаа официјален мировен договор при завршувањето на Втората светска војна поради несогласување околу Курилските Острови, кои се под управа на Русија од крајот на војната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...