fbpx

Едногласно усвоени насоките за преговорите за Брексит

-

Лидерите на Европската Унија ги усвоија насоките за преговорите со Велика Британија за нејзиното напуштање на Унијата, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Краткиот самит на лидерите на 27-те земји членки беше одржан во Брисел, без британската премиерка Тереза Меј.

Се очекува преговорите на двете страни, кои би требало да траат две години, да почнат по парламентарните избори во Велика Британија, кои ќе се одржат на 8 јуни.

– Насоките се усвоени едногласно. Доделен е силен и јасен политички мандат за преговори за Брексит – рече Туск.

Лидерите на ЕУ ветија дека ќе се држат заедно и предупредија дека цврсто ќе се однесуваат спрема секое барање на британската премиерка.

Односите на Велика Британија и на Ирска по Брексит станаа како клучно прашање што треба да се реши во преговорите, како и прашањата за границата помеѓу Ирска и Северна Ирска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
udemy course download free
download mobile firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy paid course