fbpx

Повеќе илјади лица повторно протестираа во Србија поради победата на Вучиќ

-

Во Белград, Нови Сад, Ниш и во уште неколку градови денеска, втор ден по ред се одржаа протести, на кои повеќето беа млади го изразија незадоволството од резултатите од претседателските избори на кои убедливо победи актуелниот премиер Александар Вучиќ.

На протестот, закажан преку социјалните мрежи, во Белград се собраа повеќе илјади лица, а демонстрациите траеја четири часа. Со свирчиња и тапани се извикуваа пароли против Вучиќ, а учесниците повеќепати прошетаа од Собранието до Владата и назад.

Протестот на младите го поддршаа претседателските кандидати Саша Јанковиќ, Бошко Обрадовиќ и Бели Прелетачевиќ, како и партијата Нова Србија на Велимир Илиќ. Сепак, тие апелираа до учесниците да не наседнуваат на провокации и мирно да протестираат.

Вучиќ од Мостар порача дека Србија е демократска земја во која секој има право да биде несреќен поради изборните резултати и дека протестите се во ред, се додека се мирни.
Протестно собирање на младите имаше во Крагујевац, Чачак, Лесковац, Зрењанин, Бор, Сомбор, Ужице и Краљево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...