fbpx

Претпладне променливо облачно, попладне можно е невреме

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне, кога локално ќе има и појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат со слаб и со умерен интензитет, а ќе преовладуваат во западниот дел од земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура се движи од 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 14 до 20 степени.

За утрешниот ден прогнозата е слична, со тоа што во текот на ноќта кон петок поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места, во западните делови од земјава, врнежите ќе бидат од снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...