fbpx

Бундестагот утре ќе расправа за ситуацијата во Македонија

-

Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг утре ќе расправа за актуелната ситуација во Македонија, јавува „Дојче веле“, додавајќи дека седницата ќе биде затворена за јавноста.

Главна тема на седницата ќе биде актуелната ситуација на Западен Балкан, а посебен акцент ќе биде ставен на состојбата во Македонија и во Босна и Херцеговина.

Германскиот социјалдемократ и член на парламентарната Комисија за надворешна политика на Бундестагот, Гернот Ерлер, минатата недела изрази „екстремна загриженост“ и ја оцени ситуацијата во Македонија како „државна и уставна криза од највисок ранг“.

Ерлер оцени дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, стравува дека ако власта се смени, тој ќе се најде пред суд и оти со предизвикување меѓуетнички тензии и со помош на претседателот Ѓорге Иванов се обидува да ја спречи промената на власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...