fbpx

И Пенс, како Клинтон, вршел државни работи преку приватна е-пошта

-

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја користел својата приватна е-пошта за вршење јавни работи во време додека бил гувернер на американската држава Индијана, покажуваат јавните податоци во кои имале увид „Индијанаполис стар“.

Весникот вчера објави дека е-пораките, кои се добиени по барање за јавен пристап на податоци, покажуваат дека Пенс, додека бил на таа функција, комуницирал со советниците преку налог на „АОЛ“ за прашања за национална безбедност.

Пенс, исто така, имал безбедносни проблеми со својата е-пошта. Неговиот налог бил мета на обиди за кражба минатата пролет.

На контактите на Пенс им испратил е-порака во која лажно се твдело дека тој и неговата сопруга се заглавени на Филипини и дека им се потребни пари.

Тој потоа почнал да користи друг налог на „АОЛ“ со дополнителни безбедносни мерки, соопшти портпаролот на Пенс, Марк Лотер, истакнувајќи дека Пенс престанал да го користи личниот налог откако станал потпретседател на САД.

Според законите на Индијана, на јавните функционери не им е забраното да користат лични налози за е-пошта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...