Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка, додека низ цела Македонија врне ситен дожд, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Од АМСМ додаваат дека граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила откако грчките земјоделци го прекинаа штрајкот. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува преку градот Битола.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.