fbpx

Заев: Обврските од извештаите на Прибе и на ЕК може да ги спроведе само одговорна влада

-

„Обврските за спроведување на реформските приоритети што произлегуваат од извештатите на Прибе и на Европската комисија, може да ги спроведе само нова и одговорна влада, формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните за промени“, истакнал Заев на денешната средба со словачкиот амбасадор во земјава, Мартин Безак.

Заев, како што соопштуваат од СДСМ, на средбата го информирал словачкиот амбасадор за очекувањата на СДСМ од идните политички процеси кои треба да придонесат „кон демократизација и нормализација на земјата“.

„Македонија е исправена пред сериозната обврска за спроведување на реформските приоритети што произлегуваат од извештаите на Прибе и на Европската комисија, а кои ќе придонесат кон враќање на демократските процеси во државата. Оваа сериозна обврска може да ја спроведе само нова и одговорна влада формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните за промени. Затоа очекуваме дека на 29 јануари, Никола Груевски ќе го врати мандатот и дека СДСМ ќе биде партијата што ќе формира влада, која ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, рекол Заев на средбата со Безак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...