fbpx

Шефает Мустафа е осуден на десет и пол години затвор за обид за убиство

-

На десет и пол години затвор е осуден 35-годишниот Шефает Мустафа, од карбинското село Ебеплија, кој во јуни годинава со автоматска пупка пукаше во сопствениот брат.

Основниот суд во Штип, на Мустафа му изрече казна затвор во траење од осум години за обид за убиство и уште четири години за неовластено држење оружје или единствена казна затвор од десет и пол години затвор.

Шефает Мустафа по поминати 16 години во затвор на убиство на тројца соселани во 2000 година, се вратил во куќата на братот и, како што самиот изјави на судењето, при кавга, од љубомора, пукал во него.

Три дена полицијата трагаше по Мустафа, кој потоа сам се предаде. Тој веднаш беше притворен и во притвор остана до завршување на судењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...