fbpx

Сè поголем бројот на повредени во Кајсери

-

Бројот на повредените во бомбашкиот напад во турскиот град Кајсери се зголеми на 55 лица, јавуваат турските медиуми.

Автомобил бомба утринава експлодира во близина на автобуска станица на универзитетот во турскиот град Кајсери, во моментот кога покрај возилото поминувал автобус кој пренесувал цивили и воени лица кои не биле на должност. Во експлозијата загинаа 13 лица. Здравствените власти велат дека е можно бројот на загинатите да се зголеми бидејќи некои од повредените се наоѓаат во критична состојба. Меѓу загинатите има и цивили.

Гувернерот на округот Кајсери, Сулејман Камчи, потврди дека нападот бил извршен со автомобил бомба, која далечински била активирана.

– Тоа беше напад врз воените лица кои се наоѓаа во автобусот – истакна Камчи.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој денеска требаше да го посети Кајсери, свика итна седница на министерскиот совет. Од кабинетот на премиерот побараа турските медиумите да се воздржат од информации за нападот, кои би можеле да предизвикаат „страв во општеството, паника и немири, кои би помогнале за целите на терористичките организации“.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...