fbpx

Тече рокот за тужби на партиите до Управениот суд

-

Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК синоќа најавија дека правната служба на комисијата ќе ги подготви и ќе им ги достави Беса и на коалицијата предводена од СДСМ решенијата за 13 приговори за кои веќе донесе одлука.

По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

ДИК пред два дена почна да одлучува по приговорите на партиите, но поради пробивање на законски предвидените рокови во роковникот за изборите, истите се пролонгирани. Поради тоа, конечните резултати од предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември, би можело да бидат објавени најдоцна на 21 декември, односно по одлуката на Управниот суд, доколку нема прегласување на некое избирачко место. Во случај да има прегласување, тоа треба да се одржи на 25 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„План 75“ на Чие Хајакава освои „Златен був“ на Филозофскиот филмски фестивал

Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотека на Северна Македонија беше затворено годинешното, 13-то издание на Филозофскиот филмски фестивал. Наградата „Златен був“...
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
lynda course free download
download micromax firmware
Premium WordPress Themes Download
online free course