fbpx

Груевски од Крива Паланка: Широка коалиција по изборите ќе значи продолжување на кризата

-

Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај следната година, нема да биде ниту градиначалник на Струмица, порача вечерва Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во четвртата изборна единица, од митингот во Крива Паланка.

Тој истакна дека СДСМ на изборите на 11 декември ќе изгуби со толку голема разлика што потоа „ќе им биде срам да бараат широка коалиција“, која, како што додаде Груевски, ќе значи само продолжување на кризата.

– Сега во паника си го тешат членство, дека ќе изгубеле на изборите, ама не многу, туку за два-три пратеника, па потоа ќе влезеле во широка коалиција. Ќе изгубат со голема разлика, па после ќе им биде срам да бараат широка коалиција. Правењето широка коалиција значи продолжување на кризата исто како и продолжувањето на работата на СЈО – рече Груевски, додавајќи дека сигурна опција за излез од политичката криза е масовна поддршка и 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка најави отворање на 70.000 нови работни места, набавка на медицинска опрема, реконструкција на училишта и нови спортски игралишта, инвестиции кои, како што истакна, ќе бидат „можни само доколку на Заев не му биде дозволена кантонизација на државата, двојазничност и менување на Уставот“.

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, Илија Димовски, нагласи дека изборите на 11 декември ќе бидат „референдум за унитарна и единствена Македонија“ и дека „гласот за помалите партии е глас за Зоран Заев и за продолжување на сценариото за распарчување на Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска одржаа митинзи и во Кратово и во Пробиштип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...