fbpx

Ирачката војска зазела четири села североисточно од Мосул

-

Ирачката војска денеска зазела четири села од милитантите на Исламска држава (ИД), североисточно од градот Мосул, соопшти ирачкиот центар за координација на воените операции, јавуваат светските агенции.

На овој начин ирачката војска почна да се приближува кон Мосул од север, додека неколку стотини воени единици влегуваат во градот од источната страна.

Најголем дел од борбите во Мосул се одвиваат во источниот сектор на градот, каде ирачката војска напредува бавно поради претпазливост околу безбедноста на цивилното населениe, но и поради силниот отпор од страна на ИД.

Исламска држава го зазеде Мосул, кој е втор по големина град во Ирак, во јуни 2014 година, во ненадејна операција во која нејзините милитанти окупираа речиси една третина од територијата на Ирак.

Ирачката војска на 17 октомври годинава почна голема офанзива за преземање на контролата над Мосул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...