fbpx
Таг: ирачка војска

таг: ирачка војска

Ирачката војска почна офанзива против ИД во близина на границата со Сирија

Ирачката војска почна офанзива за ослободување на градот Акашат од џихадистите на Исламска држава, изјавил денеска генералот Абдул-Амир Рашид Јар Алах, јавуваат агенциите. Според генералот, целта на операцијата е обезбедување на границата со Сирија во подрајчето северно од важниот автопат кој го поврзува Багдад со Сирија и со Јордан. Портпаролот на здружената воена команда, Јахја Расул, рекол дека меѓународната коалиција предводена...

Прогласена победа во Мосул над Исламска држава, САД ѝ честиташе на ирачката војска

Губењето на Мосул претставува пропаст на Исламска држава, изјави ирачкиот премиер Хајдар ал Абади за време на официјалното прогласување на ослободувањето на градот. Коалицијата предводена од САД соопшти дека играчката војска во целост го презела Мосул од рацете на ИД. Ирачкиот премиер Ал-Абади прогласи победата над екстремистите на Исламска држава во Мосул, по девет месеци борба за тој град на северот...

Ирачката војска ги зазеде главните владини објекти во Мосул

Ирачката војска ноќеска ги зазела главните владини објекти во Мосул, во рамките на офанзивата за протерување на милитантите на Исламска држава (ИД) и за воспоставување целосна контрола над градот, јавува „Би-би-си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, напредувањето на ирачката војска може да го отвори патот за напад на густо населениот стар дел од Мосул, каде милитантите на ИД се...

Ирачката војска покрена офанзива против ИД во Мосул

Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади објави дека ирачките воени сили покренале офанзива против џихадистите кои во градот Мосул го држат западниот брег на реката Тигар. Ова би можела да биде најбруталната битка до сега во склоп на операциите за заземање на Мосул кој трае четири месеци. -Нашите сили започнуваат ослободување на граѓаните од теророт на Исламска држава. Ние доаѓаме да...

Битка за универзитетот во Мосул, ирачките сили ја протеруваат ИД

Ирачките сили го зазедоа универзитетот во Мосул кој беше под контрола на Исламска држава. Ирачката војска од октомври се обидува да го заземе градот, кој е последно упориште на ИД во Ирак. Според зборовите на ирачките власти, џихадистите ги користеле лабораториите во универзитетскиот комплекс за да направат хемиско оружје. Командантот на ирачките антитерористички операции, Талиб Шагати, рече дека заземањето на универзитетот...

Најмалку 10 загинати во два одвоени бомбашки напади во Багдад

Најмалку 10 луѓе загинале, а 22 се повредени во два одвоени бомбашки напади што денеска се случиле во главниот град на Ирак, соопштија ирачки официјални претставници, јавуваат светските агенции. Меѓу загинатите, според информациите, најмногу имало цивили. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но според начинот како е извршен, пишуваат агенциите, најверојатно станува збор за Исламска држава. Ирачката војска пред неколку...

Ирачката војска зазела четири села североисточно од Мосул

Ирачката војска денеска зазела четири села од милитантите на Исламска држава (ИД), североисточно од градот Мосул, соопшти ирачкиот центар за координација на воените операции, јавуваат светските агенции. На овој начин ирачката војска почна да се приближува кон Мосул од север, додека неколку стотини воени единици влегуваат во градот од источната страна. Најголем дел од борбите во Мосул се одвиваат во источниот...

Ирачките Курди почнаа нова офанзива кон Мосул

Силите на ирачките Курди денеска почнаа нова офанзива во рамките на големата операција која ирачката војска заедно со нив ја спроведува за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските агенции. Курдските сили, познати како „пешмерга“, соопштиле дека денеска почнале офанзива на два фронта во правец на североисточниот дел на Мосул и во близина на малиот град...

ЕУ треба да се подготви за џихадистите од Мосул, вели еврокомесарот за безбедност

Европската Унија треба да биде подготвена за џихадистите повратници доколку Исламска држава биде истерана од своето упориште - градот Мосул во Ирак, предупредува еврокомесарот за безбедност на ЕУ, Џулијан Кинг, во интервју за германскиот весник „Велт“, пренесува „Би-би-си“. Според Кинг, дури и мал број милитанти повратници би претставувал сериозна закана, поради што Унијата мора да биде подготвена. Ирачките сили вчера почнаа...

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Ирак

Најмалку 12 лица загинале, а повеќе од 32 се повредени, откако бомбаш самоубиец утрово активирал појас со експлозив при напад на џамија во Абу Граиб, на околу 25 километри од Багдад, соопшти ирачката полиција. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, кој е прв околу Багдад, откако ирачките сили во неделата соопштија дека градот Фалуџа е целосно ослободен од...

Ирачката војска целосно ја ослободи Фалуџа од ИД

По повеќенеделни операции, градот Фалуџа е целосно ослободен од милитантите на Исламска држава (ИД), соопшти денеска командантот на антитерористичките сили на ирачката војска, Абдул Вахаб ал-Сади. Тој, како што јавуваат светските агенции, прецизирал дека ирачките сили влегле во северозападниот дел на Фалуџа, кој беше последното упориште на ИД во градот. „Операцијата која почна кон крајот на мај е завршена и градот...

Најмалку 25 загинати во два бомбашки напади во Багдад

Најмалку 25 лица загинале, а околу 70 се ранети во два одвоени бомбашки напади што утрово се случиле во Багдад, соопшти ирачката полиција. Цел на нападите биле воен пункт и деловниот кварт во Багдад. Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истиснат милитантите на Исламска држава од Фалуџа, град кој се наоѓа на околу 50 километри...

УНИЦЕФ бара да се заштитат децата заробени во борбите во Фалуџа

Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ги повика ирачката војска и милитантите на Исламска држава (ИД) да ги поштедат децата во Фалуџа, кои се најранливи меѓу десетиците илјади цивили заробени во екот на борбите во градот, кој се наоѓа на околу 50 километри од Багдад. УНИЦЕФ изразува загриженост за безбедноста на околу 20.000 деца во Фалуџа, од каде само...

Најмалку 20 загинати во напади на трговски центри во Багдад

Најмалку 20 луѓе се убиени во напади на екстремистите извршени денеска во неколку трговски центри во Багдад и околината, соопштија ирачките власти. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека зад него стојат припадници на Исламска држава (ИД). Ирачката војска утрово соопшти дека нивните елитни единици влегле во градот Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри...

Ирачките сили целосно ја вратија контролата над Рамади

Ирачките сили за безбедност ја вратиле контролата врз градот Рамади, откако од него се повлекоа припадниците на екстремистичката организација Исламска држава, соопштија ирачките власти. Ирачкото министерство за внатрешни работи исто така соопшти дека патот од Рамади до Багдад, исто така, повторно е под владина контрола. - Ирачките сили за безбедност ја повратија контролата врз градот, но екстремистите во него оставија илјадници...